Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Милан Ѓурликов

Роден е на 14 ноември 1884 година во с.Кривогаштани, Прилепско. Основно и гимназија завршил во Прилеп по што учителствува во своето родно село. Четникувал во четата на Г.Наумов.

За време на Илинденското востание бил пунктов началник во родниот крај. Бил во четата на П.Гули, со кого учествува во битката кај Црн врв. По востанието четникува во четата на Т.Паша, набрзо бил уапсен и осуден на четири месеци затвор во Битола.

Во Прилеп, во 1904 гтодина по пресуда на ВМОРО го убива свештеникот С.Игуменов. Потоа станува подвојвода кај В.Србаков, а по неговата смрт во 1905 година војвода на чета. До 1907 година е Светиниколски војвода.

Во 1908 година бил делегат на Ќустендилскиот конгрес. Поради својата активност повеќе пати бил апсен и затворен по затворите во Куманово, Скопје и Битола.

Во Балканските и Првата светска војна учествува со чета на Македонско-одринското ополчение. По војните станува Светиниколски војвода.

Во 1920 година ушествува во формирањето на организацијата на македонските војводи и четници „Илинден“, на 16 декември во Софија.

Убиен е без судење на 9 септември 1944 година во Скопје од новата Комунистичка власт.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik